24фудбал

Бејл: За ова дојдов во Реал Мадрид

Герет Бејл е пресреќен со освоената титула во Лигата на Шампионите, Велшанецот вели дека го остварил својот сон качувајќи се на највисокото место во Европа.

Лига на Шампиони

Герет Бејл беше фудбалерот кој му го донесе водството на Реал Мадрид во второто продолжение.

Велшанецот е полн со импресии по освоениот голем трофеј уште во својата прва сезона како член на Кралскиот клуб.

 „Ова е тоа за кое секој фудбалер сонува, победа во Лигата на Шампионите, нема нешто поголемо во клупскиот фудбал" - вели Герет Бејл.

 „Чувството беше неверојатно, ова е спомен засекогаш".

 „Најважно за мене е што работевме напорно како тим и успеавме да го освоиме трофејот, десеттиот за овој клуб".

 „За мене сумата за која сум ангажиран не значи ништо. И да играм за едно пени нема разлика, тука дојдов да играм за овој клуб во големи натпреварувања и да освојувам трофеи како што тоа го правиме сега"

 „Трансферот се исплатеше, сега сакаме сакаме да освојуваме уште трофеи"