24фудбал

Симеоне: Болен пораз

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е разочаран по поразот но вели дека нема простор за тага, горд е на своите фудбалери и веќе размислува на следната сезона.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид секунди го делеа од трофејот во Лигата на Шампионите, примија гол во 93. минута и го загубија натпреварот во продолженијата.

Популарниот Чола е горд на своите фудбалери и фантастичната сезона која ја има Атлетико Мадрид.

 „Болно е да загубите кога ќе дадете 100% од себе. Сега треба да се одмориме за следната сезона. Горд сум на моите фудбалери" - изјави Симеоне.

 „Им кажав на моите фудбалери дека нема поента да плачат. Мора да бидат горди на себе и да мислат на следната сезона".

 „Не чувствувам тага, само горчина бидејќи не ја остваривме целта. Во животот, еден ден имате се, другиот ништо".

„Нашите фанови треба да бидат горди на одличната сезона која ја имавме и ни секунда не смеат да бидат тажни".