24фудбал

Лоши вести за Атлетико, Диего Коста паузира околу 15 дена

Диего Коста речиси сигурно го пропушта финалето од Лигата на Шампионите, најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид ќе биде надвор од терените околу две недели

Лига на Шампиони

Напаѓачот се повреди на дуелот со Барселона во сабоатата, а деталните тестови извршени денеска покажале исекотина од прв степен на задната ложа.

Атлетико Мадрид не објави колку време Диего Коста ќе биде надвор од терените, новиот шампион на Шпанија само пренесе дека ситуацијата на играчот одново ќе биде проверна во следните неколку дена.

За ваков тип на повреда, вообичаена е пауза од околу две недели, па се чини дека тимот од Висенте Калдерон ќе мора без својот најдобар играч да му се спротивстави на Реал Мадрид во финалето од Лигата на Шампионите во сабота.

Диего Симеоне во овој момент одбива да го отпише напаѓачот од дуелот во Лисабон, но вели дека нема да ризикува и одлуката ќе ја донесе во последен момент.

Зборувајќи попладнево на средба со новинарите, тренерот на Атлетико рече: „Денеска започна неделата, има уште неколку денови до финалето. Нема да кажам ништо во овој момент. Сеуште е рано”.

„Ќе го следиме прогресот што Коста и Арда ќе го забележат до крајот на неделата. Доколку е неопходно ќе бараме алтернативи”.