24фудбал

Проклетството на Бела Гутман

Клетвата која ја фрли поранешниот тренер на Бенфика, Бела Гутман и понатаму продолжува.

Лига на Шампиони
Се чини неверојатно, но откако Бела Гутман ја проколна Бенфика, португалскиот гигант загуби осум европски финалиња, не успевајќи ниту еднаш по неговото заминување да дојде до трофеј.
 
Поранешниот унгарски фудбалер и тренер, Бела Гутман беше на кормилото на Бенфика од 1959 до 1962 година.
 
Под негово водство Бенфика два пати го освои Купот на Шампиони на Европа, успех кој го промовираше Гутман во вистинско тренерско гение.
 
По фантастичните резултати, Гутман побарал од раководството на Бенфика покачување на платата, тие го одбиле, а тој заминал и им рекол во наредните 100 години Бенфика нема да освои ниту еден Европски трофеј".
 
Од тој момент Бенфика дури осум пати учествуваше во финале од европските купови но ниту еднаш не успеа да победи, клетвата трае до 2062 година.
 
Пред финалниот натпревар од Купот на Шампионите во 1990 кој се играше во Виена, каде што е погребан Гутман, Еузебио го посети неговиот гроб, се помоли и побара клетвата да биде прекината, но тоа не се случи.
 
Бенфика под водство на Бела Гутман:
 
Куп на Шампиони 1961: Бенфика - Барселона 3:2
Куп на Шампиони 1962: Бенфика - Реал Мадрид 5-3
 
Бенфика откако беше проколната од Бела Гутман:
 
Куп на Шампиони 1963: Бенфика - Милан 1:2
Куп на Шампиони 1965: Бенфика - Интер 0:1
Куп на Шампиони 1968: Бенфика - Манчестер Јунајтед 1:4
УЕФА Куп 1983: Бенфика - Андерлехт 1:2 
Куп на Шампиони 1988: Бенфика - ПСВ 0:0 (5-6 пен)      
Куп на Шампиони 1990: Бенфика - Милан 0:1
Лига Европа 2013: Бенфика - Челзи 1:2
Лига Европа 2014: Бенфика Севиља 0:0 (2:4)
 
Некои веруваат во проклетството на Бела Гутман, некои не, засега статистика е комплетно на страната на верниците.