24фудбал

Емери: Прекрасно е да се победи во финале

Тренерот на Севиља, Унаи Емери е среќен по победата во финалето од Лига Европа, вели дека неговиот тим бил одлично подготвен за натпреварот во Торино.

Лига Европа

По подоброто изведување на пенали, Севиља ја победи Бенфика и дојде до нов трофеј во Лига Европа.

„Севиља две години не играше во европските натпреварувања па сакавме да направиме нешто посебно" - вели Емери.

„Знаевме дека ќе беше тешко, но бевме очајни да се пласираме во финалето. Прекрасно е да се пласираш во финале и да го освоиш".

„За мене и за луѓето кои ме знаат ова беше процес во кој научивме многу. Благодарност за клубот и навивачите кои беа со нас".

„Оваа победа ја посветувам намојата фамилија и пријателите, на стручниот штаб и играчите кои го заслужија ова за нивната напорна работа и посветеност".