24фудбал

Занети потврди дека заминува во пензија

Хавиер Занети потврди дека по крајот на сезоната ќе ги обеси копачките на ѕид, и ќе стане спортски директор на Интер

Италија

Сопственикот на ’Нероаѕурите’, Ерик Тохир минатиот месец откри дека во неколку наврати разговарал со капитенот Хавиер Занети, и соопшти дека по крајот на сезоната десниот бек ќе стави крај на извонредната фудбалска кариера и ќе стане дел од управата на клубот.

Самиот Хавиер Занети во разговор со весникот La Nacion сега потврди дека дошло време да ги обеси копачките на ѕид.

„Зошто одлучив да се пензионирам сега? Бидејќи чувствувам дека ова е правиот момент да го направам тоа” – вели 41 годишниот Аргентинец.

„Бидејќи фудбалот ми даде многу и уживав во секој момент. Бидејќи по повредата на Ахиловата тетива минатата година, сакав да докажам дека можам да се вратам и одново да играм фудбал на највиско ниво, и успеав во тоа”.

„Се чувствувам исполнет, и сфатив дека, да се пензинираш на 40 е бесценето чувство”.

„За мене ова е нешто што има неизмерна вредност, и сега е правото време”.

„Сонував да ја завршам кариерата во Интер, во мојот дом, и го сторив тоа”.

„Сега, во улогата на спортски директор, ќе се обидам да му бидам од корист на клубот надвор од терените”.

„Нов свет се отвара за мене, ме чека огромен предизвик, па возбуден сум поради тоа. Подготвен сум да учам”.