24фудбал

Симеоне: Заслуживме да играме во финале

Диего Симеоне е презадоволен од играта на неговиот тим кој оствари голем резултат со пласманот во финалето од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид беше подобар од Челзи на Стемфорд Бриџ и сосема заслужено ќе игра во големото финале против Реал Мадрид во Лисабон.

Човекот кој го препороди Атлетико Мадрид, Диего Симеоне има само пофалби за неговиот тим.

„Направивме се што е во наша мож да влеземе во финалето и го заслуживме тоа" - изјави Диего Симеоне.

„Фернандо Торес го отвори резултатот, но знаевме дека еден наш гол вреди двојно, па се боревме да го постигнеме тој погодок".

„Требаше да работиме напорно за да дојдеме во позиција да го играме нашиот фудбал, тоа дојде со вториот погодок".

„Ова беше резултат остварен со заложба на целиот колектив. Успеавме да влеземе во финалето и среќни сме поради тоа".