24фудбал

Tиаго: Симеоне е човекот кој е најзаслужен за тоа што сме ние

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Тиаго е полн со пофалби за Диего Симеоне, човекот кој го воскресна тимот и кој го однесе во големо финале од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид е најголемото изненадување во фудбалскиот свет оваа сезона, Јорганџиите се на добар пат да ја освојат Примера, а вечерва се пласираа и во големото финале од Лигата на Шампионите.

Тиаго кој во минатото го носеше и дресот на Челзи, го посочува Диего Симеоне како главниот виновник за овој Атлетико Мадрид.

„Симеоне е клучниот за она што ни се случува. Тој го промени нашиот менталитет" - изјави Тиаго по натпреварот.

„Сите ние работиме заедно, сите работиме како тим. Играме како да сме најсилниот тим во светот и го заслужуваме она што го имаме во моментов. Вистина, уште не сме освоиле ништо, но блиску сме до освојување на нешто".

„Мислам дека многу важно за овој натпревар беше што заминавме со реми на полувремето".

„Знаевме дека во вториот дел Челзи ќе мора да тргне поофанзивно а тоа ќе ни дозволи повеќе простор на нас, па постигнавме втор погодок".

„По тој гол, мислам дека Челзи падна малку и го добивме натпреварот".