24фудбал

Мурињо: Пеналот и Куртоа беа решавачки

Жозе Мурињо вели дека пеналот направен врз Диего Коста и одбраните на Тибо Куртоа се главната причина за поразот на Челзи.

Лига на Шампиони

Челзи доживеа неуспех во полуфиналето од Лигата на Шампионите, со 3-1 беше поразен на домашен терен од Атлетико Мадрид.

Дефанзивата на Челзи не беше на нивото кое го имаше во текот на сезоната, Сините потфрлија и не успеаа да обезбедат билет за Лисабон.

„Пеналот кој ми рекоа дека бил оправдано досуден, беше клучен. До тој момент тие не беа подобри" - изјави Мурињо по натпреварот.

„Една минута во вториот дел реши се. Голманот на Атлетико Мадрид имаше фантастична одбрана откако Тери биеше со глава, а потоа се случи пеналот".

„После тоа имаше само еден тим со висок морал, го контролираа натпреварот до крај, последниот дел беше многу тежок за нас".

„Тие имаа одлучувачки голман во Куртоа и одлучувачки напаѓач во Диего Коста, овие натпревари ги решаваат детали".

„Честитки за Атлетико Мадрид бидејќи се многу добар тим и она што го прават е фантастично. Имам голема почит за тимот кој не елиминираше."

„Не можам да ги критикувам моите фудбалери, тие дадоа се од себе, имавме проблеми со повреди, суспензии, но овие фудбалери созреваат и горд сум на нив".