24фудбал

Тери: Комплетно сум подготвен

Капитенот на Челзи, Џон Тери вели дека е целосно подготвен за вечерашниот реванш натпревар против Атлетико Мадрид.

Лига на Шампиони

Поради повреда, Џон Тери пред време го заврши натпреварот на Висенте Калдерон, се прогнозираше дека тој ќе го пропушти реваншот, но капитенот е комплетно фит и вечерва ќе ги предводи Сините.

„Најпрво, да кажам дека не би го ставил тимот под било каков ризик. Треба да бидам искрен со менаџерот. Пред неколку дена тој ме праша дали сум добар, му реков да. Не би играл ако сум 60% или 70% подготвен. Комплетно сум фит за овој натпревар" - вели Џон Тери.

„Благодарност до медицинскиот тим, луѓето работеа напорно за да бидам подготвен, доаѓаа и во мојот дом до доцна во ноќта, не само на тренинзите".

„Финалето во Москва од 2008 долго време го користев како мотивација, кога победивме во 2012 се порменија работите. Среќните спомени ги заменија оние другите".

„Титулата во 2012 ми значеше многу иако не настапив во финалето, се чувствував дека сум дал свој придонес за освојување на пехарот. Пред дуелот против Наполи имав операција на коленото, но се вратив брзо, постигнав гол и имав важна улога. Имав важна улога и во соблекувалната и на теренот".

„Би можел да седам цел ден и да го слушам Мурињо кога тој зборува. Има голема почит од целата група, бара и добива поради неговото знаење и работата која ја врши на тренинг сесиите".

„Тој прв доаѓа на тренингот и последен си оди. И сите фудбалери многу добро го знаат тоа. Го сакаме. Јасно ни е за колку успешна личност станува збор, тој бара 100% од неговите фудбалери секој ден. Доколку не го добива тоа, ќе ви каже во лице. Таков е. Го прифаќаме тоа и го сакаме. Уживаме да работиме со него".