24фудбал

Жезус: Двомечот ќе биде решен во Торино

Тренерот на Бенфика, Жорж Жезус верува дека дуелот со Јувентус ќе биде решен следната недела кога ќе се игра возвратниот натпревар во Торино

Лига Европа

Во пресрет на првиот натпревар што вечерва ќе се одигра во Лисабон, Жорж Жезус вели дека ова е дуел помеѓу двата најдобри тима од четирите што преостанаа во Лига Европа.

Тој е свесен за квалитет со кој располага актуелниот шампионот на Италија, но вели дека и тие исто така имаат силен состав.

„Јувентус е еден од многуте клубови од Италија кои се тактички одлично потковани, и играчите знаат како да се постават на теренот” – веле Жорж Жезус.

„Играат систем кој не е многу употребуван надвор од Италија”.

„Но доколку ја ставиме формацијата на страна, и ние и Јувентус имаме слична филозофија, сличен пристап кон средбите и слични идеи за тоа како да играме”.

„Двата тима се силни како колектив. Вистина е дека, индивидуално, Јувентус има многу квалитет, но истото важи и за нас”.

Бенфика во неделата стигна до титулата во првенството на Португалија, а Антонио Конте посочи дека ова му оди во полза на тимот од Лисабон.


Сепак, Жорж Жезус не се сложува со ваквата констатација.

„Мислам дека немаме предност поради тоа што веќе ја остваривме главната цел, која беше триумф во домашното првенство”.

„Очекувам убав дуел помеѓу двата најсилни тимови останати во Лига Европа”.

„Ништо нема да се реши на првиот натпревар. Патникот ќе биде решен на реваншот, и подготвени сме за тежок дуел”.