24фудбал

Конте: Бенфика има силен тим

Антонио Конте има почит кон противникот на Јувентус во полу-финалето од Лигата на Европа, и упати пофални зборови за работата на тренерот Жорж Жезус

Лига Европа

Бенфика во неделата стигна до титулата во првенството на Португалија и ја прекина тригодишната доминација на Порто.

Антонио Конте верува дека ваквиот равој на настаните го става тимот од Лисабон во поповолна ситуација во пресрет на двомечот за пласман во финалето од најмасовното европско натпреварување.

„Не чека тешка задача” – вели тренерот на ’Старата Дама’. „Бенфика е многу силен тим”.

„Шести се на УЕФА ранкингот и дополнително ја зацврстија позицијата со освојување на титулата во домашното првенство”.

„Имам огромна почит кон нивниот тренер Жорж Жезус, имав задоволство да се сретнам со него, и тој одлично си ја врши работата на Естадио Да Луж”.

„Фактот што веќе ја освоија титулата значи дека сега ќе можат целосно да се фокусираат на Лига Европа, додека пак ние сеуште треба да ги оствариме зацртаните цели во домашното првенство”.

„Ова е заморен но во исто време и возбудлив период за нас, па ќе го дадеме максимумот за да триумфираме во двете натпреварувања”.

Запрашан за разликата помеѓу Серија А и Лига Европа, Антонио Конте рече: „Секогаш е тешко да победите”.

„Зад овој глагол има многу напорна работа, пот, жртвување а понекогаш и среќа”.

„Првенството преставува патување од 38 натпревари и имате поголеми шанси да се поправите доколку кикснете”.

„Во Европа, имате мал простор за грешка и моменталната форма е од голема важност”.

44 годишниот стратег исто така соопшти дека Карлос Тевез е фит за гостувањето во Лисабон, но Артуро Видал нема да биде во комбинација.