24фудбал

Платини: Ниту еден клуб нема да биде исфрлен од Европа

Првиот човек на УЕФА, Мишел Платини вели дека следната сезона ниту еден клуб нема да биде исфрлен од европско натпреварување поради кршење на финансискиот фер плеј

Останато

Финансискиот фер плеј на УЕФА, кој е дизајниран да ги спречи клубовите да трошат повеќе од колку што заработуваат, ефективно на сила ќе стапи следната сезона, а најдрастичната казна е исфрлање од европско натпреварување.

Во февруари под истрага беа повеќе од 76 клубови, а последните извештаи велат дека таа бројка сега е помалку од 20.

Манчестер Сити и ПСЖ се посочуваат како гигантите кои се под лупа на европската куќа на фудбалот.

Во разговор со Le Parisien, првиот човек на УЕФА, Мишел Платини вели дека казните ќе бидат строги, но ниту еден клуб нема да биде исфрлен од европско натправарување.

„Првите одлуки најверојатно ќе бидат објавени во мај” – вели Платини. „Но доколку очекувате крв и солзи, ќе бидете разочарани”.

„Ќе има некои строги казни но нема да има исфрлање од европско натпреварување”.