24фудбал

Куман: Сакам да бидам тренер на Барселона

Поранешниот фудбалер на Барса, сегашен тренер на Феенорд, Роналд Куман вели дека сака да се врати на Камп Ноу како предводник на тимот.

Шпанија

Барселона ќе се раздели со Тата Мартино по крајот на оваа сезона, а еден од неговите потенцијални наследници е Роналд Куман.

Според каталонскиот весник, Sport, холандскиот стратег е еден од главните кандидати за нов тренер на Барселона.

Куман претходно најави дека ќе го напушти Феенорд по крајот на оваа сезона, што значи дека има слободен пат кон клупата на Барселона.

„Дали би бил заинтересиран за кормилото на Барселона? Да, се разбира" - изјави Куман за NOS.

„Но тие сеуште не контактирале со мене".

Куман кој го носеше дресот на Барса од 1989 до 1995 година, веќе се проба како тренер во Примера, неговата авантура во Валенсија заврши неславно.