24фудбал

Јунајтед му нуди на Евра нов три годишен договор

Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед му понудиле нов три годишен договор на Патрис Евра.

Англија

Актуелниот договор на Евра истекуваше по крајот на оваа сезона, и гласините велеа дека тој ќе замине од Олд Трафорд.

Но последните информации велат дека Јунајтед ќе се обиде да го задржи Французинот.

Се веруваше дека Евра е еден од фудбалерите кои не биле во најдобри односи со Дејвид Мојс, па со заминувањето на Шкотот, поголеми се шансите тој да продолжи на Олд Трафорд.

Јунајтед ќе бара брз одговор од Евра, бидејќи на листата на потенцијални нови засилувања за Црвените Ѓаволи се Лејтон Бејнс од Евертон и Лук Шоу од Саутемптон.