24фудбал

Официјално: Јанузај ќе игра за Белгија

Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај одлучи да настапува за репрезентацијата на Белгија.

СП 2014

19-годишниот фудбалер со албанско потекло важи за еден од најголемите потенцијали на европскиот фудбал.

Своите квалитети оваа сезона ги презентираше во дресот на Манчестер Јунајтед покажувајќи дека се работи за играч со светла иднина.

Интересно беше тоа што Јанузај можеше да настапува за Албанија, Косово, Србија, Турција, Англија и Белгија.

Последните информации велат дека тој ја одбрал Белгија, земјата во која е роден.

„Официјално: Аднан Јанузај му е на располагање на Марк Вилмотс и Белгискиот национален тим. Добредојде во фамилијата!" - стои во соопштението од Белгиската Фудбалска Федерација.

Ова значи дека Јанузај може да игра и на престојното Светско првенство во Бразил.