24фудбал

Анчелоти: Среќен сум, одигравме добар натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од победата и изданието на неговите фудбалери на првиот полуфинален дуел против Баерн Минхен.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид со 1-0 ја доби првата битка против Баерн Минхен, одличен резултат за Кралевите.

Анчелоти е задоволен од настапот на неговиот тим.

„Среќен сум со се бидејќи натпреварот беше тежок. Одигравме добро, страдавме, но и бевме добри во нападот. Севкупно, среќен сум со она што го покажа мојот тим" - изјави Анчелоти.

„На почетокот го губевме поседот на топката и длабоко се браневме. Но во второто полувреме Баерн беше помалку ефективен".

„Не беше лесно да се игра со Герет Бејл и Кристијано Роналдо 50% подготвени. Но тимот работеше добро".

„Реваншот ќе биде тежок, имаме мала предност, но треба да играме со истата самодоверба и желба која ја покажавме и тука. Никој не знае што ќе се случи во Минхен".