24фудбал

Реал ја доби првата битка

Реал Мадрид ја искористи предноста на домашен терен и со гол на Карим Бензема дојде до победа од 1-0 над Баерн Минхен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони

Тимот на Карло Анчелоти успеа да даде, а да не прими гол на Бернабеу, па со солиден резултат ќе истрча на Алијанц Арената.

Баерн Минхен го имаше поседот на топката, Баварците напаѓаа, Реал Мадрид беше опасен од контра напади.

Токму при еден таков напад во 19. минута падна и погодокот, по асистенција од Коентрао, Бензема реализираше за водство од 1-0.

Победата можеше да биде и поубедлива, но Кристијано Роналдо и Ди Марија не искористија одлични прилики за погодок.

На спротивната страна Геце во финишот имаше убава шанса да го изедначи резултатот, но Касиљас беше на висина на задачата.

На крајот Кралевите заслужено се радуваа на победата.