24фудбал

Кристијано Роналдо за 14 долари

Во Бразил можете да пробате сендвич кој го носи името на големиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо.

СП 2014
Во градот Кампина, во близина на Сан Паоло, сопственикот на ресторанот „Сити Бар", Антониот дос Сантос, лансираше сендвич со име "Кристијано Роналдо".
 
За време на Светското првенство во фудбал, селекцијата на Португалија ќе престојува токму во овој град, па се чини дека ова е одличен бизнис потег на сопственикот.
 
Цената на сендвичот изнесува 32 бразилски рели или 14 долари, Кристијано Роналдо е толку популарен што и високата сума не е пречка за одлична продажба, па за само еден ден 230 луѓе го вкусиле овој оброк.
 
„Идејата ја добив кога Кристијано Роналдо ја освои Златната Топка со што и официјално стана најдобриот фудбалер во светот, но и поради тоа што репрезентацијата на Португалија ќе престојува во овој град" - вели сопственикот, Антониот дос Сантос.
 
Бакалар е главната состојка на сендвичот, а во него има и пршута, сирење, маслинки, маслиново масло и една посебна состојка која е тајна на ресторанот а го носи името „CR7".