24фудбал

Металург го доби дербито со Работнички

Металург го победи Работнички на Арената Филип Втори и бодовно се израмни со Романтичарите на врвот на табелата.

Македонија
Металург ја продолжува фантастичната форма, тимот на Срѓан Захариевски е во победничка серија која носи надеж за освојување и на шампионската титула.
 
Овој пат со 2-1 славеа на гостувањето кај лидерот Работнички и бодовно се израмнија со него.
 
Натпреварот го отвори Стевановиќ уште во 4. минута, на 1-1 изедначи Баже Иљијоски 20 минути подоцна.
 
Победата за Металург дојде пред самиот крај на првото полувреме од пенал, реализатор на најсторгата казна беше Симоновски.
 
Денеска со почеток во 18:00 часот на Филип Втори Арената се игра и големото дерби помеѓу Вардар и Пелистер.
 
Останатите натпревари од 29. коло на програмата се од 16:00 часот.