24фудбал

Мојс: Резултатите не беа доволно добри

Дејвид Мојс признава дека резултатите на Манчестер Јунајтед под негово водство не биле на нивото што се бара на Олд Трафорд

Англија

Шкотот за прв пат проговори по отказот што вчера го доби од ’Црвените Ѓаволи’.

Преку соопштение издадено од Асоцијацијата на Лига Менаџери, Дејвид Мојс призна дека резултатите на Манчестер Јунајтед под негово водство не биле доволно добри.

Тој исто така им се заблагодари на навивачите, на персоналот во клубот и Сер Алекс Фергусон, но не ги спомна играчите.

По неговото заминување, медиумите објавија неколку стории за конфликт во соблекувалната и бунт на дел од фудбалерите, и се чини дека ваквото соопштение само ги потврдува написите.

„Да се биде именуван за менаџер на Манчестер Јунајтед, еден од најголемите клубови во светот, беше и останува нешто со кое секогаш ќе бидам горд” – гласеше соопштението на Дејвид Мојс.

„Од самиот старт знаев дека ова ќе биде огромен предизвик, го превзедов кормилото на клубот по долги години на стабилност и успех, но никогаш не се поколебав”.

„Неизмерно е да се биде менаџер на Манчестер Јунајтед, но никогаш не сум бегал од напорна работа, и истото ова важи и за моите помошници. Им се заблагодарувам за посветеноста и поддршката”.

„Бевме целосно посветени на процесот на реконструкција кој требаше да се направи. Заедно со реконструкцијата моравме да донесеме позитивни резултати во Премиер лигата и Лигата на Шампионите. Сепак, во периодот на трансформанција, перформансите и резултатите не беа на нивото што го очекуваат Манчестер Јунајтед и неговите фанови, и јас ја разбирам и делам нивната фрустрација”.

„Во мојот краток престој во клубот научив колку специјално место е Олд Трафорд. Сакам да му се заблагодарам на сиот персонал во клубот кои придонесе уште од првиот дел да се чувствувам дел од семејството на Јунајтед”.

„Секако им се заблагодарувам и на фановите за поддршката во текот на сезоната. Ви посакувам се најдобро во иднина”.

„Исто така му благодарам на Сер Алекс Фергусон што веруваше во мене и моите способности, и ми даде шанса да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед”.