24фудбал

Гвардиола: Јунајтед? Среќен сум во Баерн

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола вели дека не е заинтересиран за менаџерското столче на Олд Трафорд

Англија

’Црвените Ѓаволи’ вчера се разделија со Дејвид Мојс, кој на кормилото на првиот тим издржа само 10 месеци.

Медиумите шпекулираат со неколку имиња како потенцијални наследници на Шкотот, а едно од нив е Пеп Гвардиола.

Сепак, тренерот на Баерн Минхен ја отфрла можноста да го превзеде најтрофејниот англиски клуб.

Зборувајќи на вчерашната прес конференција во пресрет на гостувањето во Мадрид за првиот натпревар од полу-финалето во Лигата на Шампионите, Пеп рече: „Јас сум во Баерн и сакам да останам уште две години и да ја завршам мојата работа”.

„Ја освоивме Бундеслигата но чувствувам дека мојот тим може да забележи напредок и да стане подобар”.

„Перфектно го познавам стилот на шпанското првенство и да ја променам културата и да се прилагодам на Германија не беше лесно за мене, па потребно ми е повеќе време за навистина да чувствувам дека ова е мојот тим”.

„Баерн во овој момент е мојот тим но чувствувам дека можеме да играме подобро и да забележиме напредок”.

„Па затоа пред мене има уште многу работа, и сакам да останам тука уште неколку години”.

„Се чувствувам комфорно, луѓето се љубезни, ја почитуваат мојата работа па сакам да останам уште неколку години”.