24фудбал

Лам: Овие натпревари се одлучуваат со срце и страст

Капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам смета дека срцето и пасијата на теренот ќе го одлучат патникот во финалето од пресметката против Реал Мадрид.

Лига на Шампиони

Вечерва на Сантијаго Бернабеу, започнува големата битка помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен за место во финалето од Лигата на Шампионите.

„Овие натпревари се одлучуваат со срце и страст" - вели капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам.

„Многу е убаво да се игра на Сантијаго Бернабеу, се чувствувам комфорно тука. Имам добри спомени од овој терен и секогаш се чувствувам добро тука".

„Нема да се задоволиме со нерешено, ние сме силен тим, ја освоивме Бундеслигата и нашата следна цел мора да биде Лигата на Шампионите. Тука сме за да победиме, но свесни сме дека ќе биде тешко".