24фудбал

Симеоне: Реваншот ќе биде поотворен натпревар

Диего Симеоне вели дека дури по реваншот на Стемфорд Бриџ ќе се знае на кој овие 0-0 повеќе му одговарале.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид не успеа да го победи Челзи на својот стадион, но на Јорганџиите ќе им одговара и реми на Стемфорд Бриџ.

Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне очекувал тврд и затворен натпревар против Челзи, но смета дека реваншот ќе биде поинаков.

„Ова беше натпревар помеѓу два тима кои му оставија малку простор за игра на противникот, и тоа често се случува во полуфиналните натпревари" - изјави Симеоне по натпреварот.

„Мечот заврши нерешено, и дури по вториот натпревар ќе видиме овие 0-0 за кој биле подобар резултат".

„Не мислам дека и вториот натпревар ќе биде ваков, реваншот ќе биде поотворен, Челзи ќе ја има предноста на домашен терен".

„Тие таму играат добро, но ние одиме на Стемфорд Бриџ да покажеме што можеме".