24фудбал

Без голови на Висенте Калдерон, Атлетико Мадрид - Челзи 0:0

Атлетико Мадрид и Челзи одиграа тврд натпревар, без голови, но и без посериозни шанси за погодок, автобусот на Жозе Мурињо остана непробиен.

Лига на Шампиони

Како што и се очекуваше, немаше многу фудбал на Висенте Калдерон, многу тактика, малку убавина.

Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека е вистински мајстор кога дефанзивната тактика е во прашање, успешно ги неутрализираше домаќините и дојде до посакуваниот резултат.

Јалови беа нападите на тимот на Симеоне, офанзивата предводена од Диего Коста немаше многу простор за игра.

Пех за Челзи е повредата на Петр Чех, кој во 18. минута мораше да го напушти натпреварот, на негово место влезе Шварцер кој солидно си ја заврши задачата.

Поради повреда теренот го напушти и Џон Тери во 73. минута, а лош факт за Челзи се и жолтите картони на Лампард и Микел кои ќе немаат право на настап за реванш дуелот.

На крајот Челзи е тој кој е задоволен од резултатот, но на Стемфорд Бриџ Сините ќе мора да атакуваат на победа, реми ќе оди во прилог на Атлетико Мадрид.