24фудбал

Гвардиола: Мадрид секогаш е посебно место за фудбал

Пеп Гвардиола е среќен што повторно ќе игра голем натпревар во Мадрид, знае дека неговите фудбалери треба да го прикажат најдоброто од себе за да дојдат до поволен резултат.

Лига на Шампиони

Утре Пеп Гвардиола како предводник на Баерн Минхен ќе излезе на Сантијаго Бернабеу во дуел против Реал Мадрид.

„Секогаш сум среќен да играм полуфинале во Лигата на Шампионите и да дојдам во Мадрид со тим како Баерн. Треба да одиграме добро и да дојдеме до резултат" - вели Гвардиола.

„Мојата статистика на Бернабеу е со друг клуб, во друго време и во друга ситуација. Нема никаква врска со Баерн".

„За да победиме треба да прикажеме многу добри перформанси. Мадрид секогаш е посебно место, без разлика дали со овој тренер или друг, со овие фудбалери или други. Тие се тежок противник кои имаат одличен стручен штаб".

„Се надевам дека Роналдо ќе игра. Играме за луѓе кои сакаат да ги гледаат најдобрите. Тој е еден од најдобрите. Доколку тој не игра, тие ќе играат на поинаков начин. Можат да играат 4-3-3 или 4-4-2 како во финалето од Купот".

„Кристијано е голгетер, Иско ви дава повеќе контрола и посед, Бензема ви дава стабилност, Рамос, Алонсо и Модриќ можат да ја изнесат топката... и Бејл, Роналдо, Ди Марија и Бензема, можат да ве убијат доколку имаат простор. Ние треба да напаѓаме и да се браниме како што секогаш го правиме тоа".

„Многу е тешко да се освои Лигата на Шампионите. Најдобрите тимови секогаш се таму. Горд сум на мојот тим. Ја освоивме Бундеслигата во март, во финалето на германскиот куп сме и во полуфиналето од Лигата на Шампионите".

„Не е лесно, победуваме натпревари играјќи убав фудбал. Бевме константни, во последно време малку паднавме, но среќен сум со последниот натпревар, не одигравме добро, но го вративме тимскиот дух".