24фудбал

Алонсо: Мора да одиграме перфектно против Баерн

Чаби Алонсо знае дека Реал Мадрид мора да одигра на највисоко ниво против Баерн Минхен доколку сака да се пласира во финалето од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони

Утре на програмата е мега пресметката помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, голем дуел меѓу титаните во европскиот фудбал.

Овие два тима се сретнаа и во полуфиналето во 2012 година, тогаш поуспешни беа Германците.

„Не размислуваме за тоа што се случило пред две години бидејќи сега ситуацијата е поинаква. Треба да одиграме перфектен натпревар. Треба да знаеме како да се браниме и да напаѓаме добро кога топката е во нас" - вели Чаби Алонсо.

„Баерн е голем ривал, но ние сме во добра форма и никој не е фаворит. Во последните три години играме во полуфиналето, сега сакаме да одиме чекор понапред".

Кристијано Роналдо се враќа по паузата поради повреда и веројатно ќе биде дел од утрешниот натпревар, а од таборот на Реал Мадрид се надеваат дека ќе го имаат и Герет Бејл кој поради настинка го пропушти синоќешниот тренинг.

„Роналдо ќе игра ако е 100% фит. Тренерот, стручниот штаб и самиот тој ќе одлучат" - вели Алонсо.

„Роналдо може да креира шанси и да постигнува голови. Тој е многу важен за нас".

„Исто така и Герет Бејл е многу корисен за нас, среќни сме што го имаме во нашиот тим, игра фантастично и покрај тоа што ова е негова прва сезона".