24фудбал

Давид Луиз: Мурињо знае како да се победи Атлетико Мадрид

Давид Луиз вели дека неговиот тренер, Жозе Мурињо го има планот како да се победи Атлетико Мадрид.

Лига на Шампиони

Очекувањата се дека Бразилецот вечерва ќе го почне натпреварот како дефанзивен фудбалер во средината на теренот.

Давид Луиз се надева дека повторно ќе игра финале од Лигата на Шампионите со Челзи.

„Ова ќе биде одличен дуел. Што е клучот? Имаме план, но мојот тренер не зборуваше за него, па нема ни јас да зборувам" - вели Луиз.

„Жозе Мурињо добро знае што треба да направиме за да победиме".

„Нашата цел е да победуваме на секој натпревар, имаме одлична сезона и сега сме во периодот кога мали детали ја прават разликата".

„Сон е да се игра во полуфинале. Имав среќа пред две години да играм во финалето, и уште сум жеден за такво нешто. Секој сонува за трофејот".

„Мислам дека имаме одличен тим, дојдовме до полуфиналето, сакаме да победиме, се надеваме дека ќе можеме да стигнеме и до финале".


Комерцијален текст: