24фудбал

Коке: Остварување на сонот

Коке вели дека вечерашното полуфинале од Лигата на Шампионите за него ќе биде остварување на сонот.

Лига на Шампиони

22-годишниот фудбалер вели дека за него ќе биде неверојатно искуство играњето во полуфинале од Лигата на Шампионите.

„Да се игра полуфинале од Лигата на Шампионите за тимот за кој навиваш од дете, е остварување на сонот" - вели Коке.

„Доколку бидам избран да настапам на овој дуел, тоа ќе биде неверојатно искуство за мене. Ова ќе биде најважниот меч во мојот живот".

Коке го прокоментира и враќањето на Торес во Мадрид.

„Ние му ја посакуваме целата среќа во светот, но не и на вечерашниот натпревар".


Комерцијален текст: