24фудбал

Атлетико никогаш не загубил од англиски тим во Мадрид

Атлетико Мадрид има позитивен скор во дуелите со англиските тимови кои се играле на Висенте Калдерон, Јорганџиите немаат пораз.

Лига на Шампиони

Последните два победника во Лига Европа, Атлетико Мадрид и Челзи ќе водат тешка битка за пласман во финалето од Лигата на Шампионите што следниот месец ќе се одигра во Лисабон.

Во пресрет на вечерашниот натпревар на Висенте Калдерон, статистиката оди во прилог на домаќините.

Атлетико Мадрид одиграл 21 натпревар против англиски тимови, победил на осум, исто толку завршиле нерешно, а доживеал пораз на пет дуели.

На домашен терен против Англичаните, имаат пет победи, четири нерешени средби и ниту еден пораз.

Избраниците на Диего Симеоне се единствениот тим без пораз во најелитното европско натпреварување оваа сезона, ја имаат најдобрата одбрана, со само пет примени погодоци, а исто така успеаа да триумфираат на сите пет натпревари што ги одиграа пред своите фанови.

Во нокаут дуели од УЕФА натпреварувањата против тимови од Англија, Атлетико Мадрид пет пати поминал во следната рунда, два пати бил елиминиран.