24фудбал

Официјално: Дејвид Мојс доби отказ

Дојде крајот на неуспешната авантура на Дејвид Мојс на кормилото на Манчестер Јунајтед, клубот му врачи отказ.

Англија

Мојс не успеа да одработи ниту една цела сезона од шест годишниот договор кој го потпиша со Црвените Ѓаволи.

Очајните резултати оваа сезона се причината поради која раководството на Јунајтед реши да се раздели со Шкотот.

„Манчестер Јунајтед сака да информира дека Дејвид Мојс го напушти клубот" - стои во соопштението на Јунајтед.

„Клубот сака да му се заблагодари за напорната работа, искреноста и интегритетот кои ги покажа".

Уште од синоќа започнаа шпекулациите околу наследникот на Дејвид Мојс, како најголем фаворит се посочува Луис ван Гал, но постојат гласини и за Јирген Клоп, Антонио Конте...


Комерцијален текст: