24фудбал

Мурињо: Имаме почит кон Атлетико Мадрид

Жозе Мурињо вели дека добро ја простудирал играта на Атлетико Мадрид, Португалецот смета дека не може слаб тим да игра полуфинале во Лигата на Шампионите, па тие имаат голема почит кон Јорганџиите.

Лига на Шампиони

Жозе Мурињо ќе се обиде да го однесе Челзи во финалето од Лигата на Шампионите, а пречка до натпреварот во неговиот Лисабон, е Атлетико Мадрид.

„Ова е полуфинале од Лигата на Шампионите, од самата прес конференција може да се заклучи дека има голем интерес за овој натпревар. Секој играч, секој тренер сака да биде дел од вака големи натпревари" - вели Мурињо.

„Не сум тука да зборувам за квалитетите на Атлетико. Тоа веќе го зборував со моите фудбалери. Ниту еден тим не може да стигне во полуфинале од Лигата на Шампионите, а да не биде многу добар тим, Атлетико не е исклучок".

„Тие имаат многу добар тим. Ги почитуваме, ги простудиравме и ги анализиравме".

„Ги гледав повеќе пати. По ждрепката уште повеќе ја следев нивната игра, ги проучував многу со цел да им доловам на моите фудбалери за каков тим станува збор".

„Не знам дали е предност првиот натпревар да се игра дома или во гости. Не е возможно, тешко е, уште на првиот натпревар да се реши ваков дуел".

„Знаеме дека Атлетико ќе се обиде да победи на овој натпревар, но и ние исто така ќе се обидеме да победиме".

„Немам незавршена работа со Челзи во Лигата на Шампионите. Го давав најдоброто од мене, секогаш го давам најдоброто. Понекогаш победувате, понекогаш губите".


Комерцијален текст: