138
Македонија утре против Естонија игра нов меч во новата сезона од Лигата на нации, селекторот Ангеловски нема да смета на неколку репрезентативци.
Бејтулаи се повреди на мечот со Косово, Адеми и претходно влечеше повреда, стисна заби за важниот меч, но нема да може да игра и против Естонија.
Против повреда не отпатува и Кристијан Тошевски.
Неизвесен е настапот на Стефан Ристовски кој исто така има ситни проблеми со повреда, лекарскиот тим се обидува да го оспособи до почетокот на мечот.